ПЕТМИНА ЌЕ ТРЧААТ ЗА КМЕТОВИ

Во Долнени

Во општината Долнени изборен мегдан ќе “бијат” пет кандидати за градоначалници и седум листи со кандидати за 11 советнички места. Околу 10500 жители со различна етничка структура со право на глас ќе избираат на 39 гласачки места.

Кандидати за градоначалници се Боше Милошески од ВМРО – ДПМНЕ со коалициските партнери, Изудин Каришиќ од СДСМ со коалицијата, Абдула Бајрамоски од ДУИ, Ибраим Алиасаноски од Националната демократска преродба и Севгани Ибрахими од ДПА.

Битка за освојување на симпатиите за советничките столчиња ќе имаат ВМРО – ДПМНЕ со коалициските партнери, СДСМ со коалицијата, ДУИ, Националната демократска преродба, ДПА,   ПЕИ и Независна листа со носител Есад Бједак. 

Loading