Во Кривогаштани
Четворица кандидати претендираат за градоначалничката фотелја во Кривогаштани. Тоа се Тони Заткоски од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Дејан Паскоски од СДУ, Владо Божиноски од СДСМ со коалициските партнери и Тони Пашоски од НДМ.
Поднесени се седум листи со кандидати за советници. Тоа се НДМ, СДУ, ВМРО – ДПМНЕ со коалицијата, СДСМ со коалициските партнери, група избирачи предводени од Игор Чагороски, група избирачи – носител Пеце Ликоски и групата предводена од Виктор Ерманоски.
Во Кривогаштани 4577 граѓани на 24 март правото на глас ќе можат да го остварат на 13 избирачки места.