ВМРО – ДПМНЕ Е ПОБЕДНИЧКАТА ПАРТИЈА НА 24-ТИ МАРТ

Никола Димески, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ

“Со кандидат за градоначалник како Марјан Ристески и со тим на млади, искусни и посветени кадри на ВМРО – ДПМНЕ, нема сила што ќе застане на патот кон нова, седма победа по ред”

   Ова го рече Никола Димески, претседател на ОК на ВМРО – ДПМНЕ на промоцијата на Марјан Ристески за кандидат за градоначалник.

   Според него, партијата го има профилот на човек, проверен и докажан, кој ги исполнува сите услови, Прилеп да го продолжи патот на развојот. Тој е убеден дека ВМРО – ДПМНЕ е победничката партија, која што ќе слави пак на 24 март. Аргумент за тоа му е фактот што ВМРО- ДПМНЕ е партија која работи чесно, искрено и посветено за интересите на граѓаните.

– Цврсто се движиме на патот кон европска иднина, кон повисоки стандарди на живеење и благосостојба на секој граѓанин, посветени на иднината, секогаш доследни на корените. Побројни сме, поактивни и попосветени, затоа што нема прилепчанец со поддршка на хаосот, безидејноста и вандализмот на опозицијата – рече Димески.

   Тој се гордее дека на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, каде секојдневно макотрпно се работи и се гради имиџот на најголемата политичка партија, а во исто време тоа му претставува одговорност за продолжување на успехот. 

Loading