Прилепски грла во Белград

Стотици сограѓани навиваа на ЕП

Навивачката ракометна еуфорија не го одмина спортски Прилеп. Примерот со градоначалникот Марјан Ристески и пратеникот Димитар Стевананџија кои беа во Ниш, го следеа стотици и стотици сограѓани до новата дестинација, Белград, да ги поддржат нашите на ЕП во триумфот 27-25 над Полска. Некои со воз или автобус, други со свои автомобили, а во комби со 22 патници предводник беше пингпонгарот Саше Јаковлески. Дадовме по 30 евра за повратна, плус 10 евра за билет кој ни го продадоа петпати поефтино. Опремени со шалови, капи, знамиња, тргнавме во три наутро понеделникот, се вративме во шест вторникот. Прекрасно поминавме. Не штедевме грла. Заслужија нашите јунаци – вели Јаковлески. Медиумите броеја меѓу пет и 10 илјади Македонци на секој меч. Во огромната сала во Белград и околу доминираше црвено – жолтата боја. Европското немаше да личи на ништо, без нашите фанови. За време на натпреварите спектакл чинеа песните. Хит стана “Излези момче на тераса”. Сите во салата ја научија и ја пееја – вели Јаковлески. Претставуваме пример за другите. Без оглед на тоа дали се победува или губи, доволно е репрезентативците да се борат со срце за Македонија и навивачите не жалат ни пари, ни време да патуваат илјадници километри, како што е случај со бројните прилепчани во Белград.

Loading