Не бледнее Студенчица

Сликата е еден фрагмент од неколкугодишниот грандиозен зафат за снабдување на Прилеп со вода од пред повеќе од триесетина години. Станува збор за инсталацијата на огромниот цевковод, долг 70 километри од кичевско до Прилеп, за да се згасне жедта. За жал, неколку наврати затаи природата. При недоволно вода за сите корисници, заигра политиката. Проектот, вреден денешни над сто милиони евра, и натаму е камен на сопнување, а беше токмен за конечно обезбедување на градот со вода. Граѓаните со радост ја чекаа водата. Осум година одделуваа самопридонес да немаат суви славини. И работниците кои ги поврзуваа цевките една по една, метро по метро, километар по километар, не работеа само за плати. Туку и за мисијата – живот. Се сменија приликите, животот стана ефтина стока. Низ цевките пак течи повеќе политика од вода. Се поставува прашањето до кога политиката ја “загадува” водата?

Loading