Каде е машкиот ракомет?

Година и некој месец помина од згаснувањето на суперлигашот РК Прилеп, а обидите да се возобнови не вродуваат плод. Машки сениорски ракомет во градов нема. Голема штета, бидејќи бројни љубители на овој спорт остануваат без задоволство да гледаат квалитетни дуели како во минатото. Секој ден прашуваат до каде е процесот, а одговор нема. Имаше иницијатива пролетта 2011 и останаа само зборови без дела. Се најавуваше клуб од аматери, кои само ќе играат во Прва лига без некоја оптовареност со амбиции за висок пласман. И тоа, најскромното ниво, не се постигна. Втора акција покренаа легендарните играчи на Тутунски од минатиот век. Од тоа засега нема ефект, но пресно е и вреди да се почека. Првенствата се наесен, има време само доколку тимот барем до мај – април ги обезбеди основите за егсистирање, а после ќе биде повторно доцна. Имаше и неколку школи во градов, кои тешко но сепак опстојуваат. Од машките, добро што РК Филип прерасна во клуб и се натпреварува во младинската лига, со план скоро вклучување меѓу сениорските тимови во Првата лига.

Loading