Новогодишен концерт на музичкото училиште

Со изведба на дела од Дебиси, Бах и други автори, учениците од музичкото училиште ќе ја презентираат стекнатата вештина на свирење во текот на годинава на различни инструменти на традиционалниот новогодишен концерт кој ќе се одржи в понеделник во Театарот. Класиката ќе се зачини со “уметнички” третман на свирката на народните инструменти, кои веќе се негуваат во музичкото. Покрај солистите, ќе настапат и оркестарот, хорот и оркестарот на народни инструменти.

Loading