Слики, инсталции… на ДЛУП

Под мотото “Традицијата е код – традицијата е течение” во среда од 19 часот во галеријата на ЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена годишната изложба на уметници, членови на ДЛУП. На светлост ќе излезат слики, скулптури, инсталации, на кои традиционално или пак модерно се претставени инспирациите на уметниците, кои делата ги доставија на конкурсот што  го објави ДЛУП. Изложуваат Анита Сотироска, Бојана А.Трпческа, Даниела Настоска, Емилија Горгијоска, Васил Костов, Марија Стојаноска, Емил Димоски, Александра Богоеска, Орде Стамболџиоски, Маја Најдоска и Марија Ѓоргијоска од Прилеп, скопјаните Маја Ралева и Мирослав Стојановиќ, како и гостинот – српскиот уметник Горан Остоиќ.

Loading