Уловени капиталци

Околу 200 ловџии од “Мукос” уловиле еден волк, една волчица и четири лисици во хајката кај месностите Две Стени и кај селото Присад,   според инструкциите од Агенцијата за ветерина, која предвидува контрола и превенција на беснилото. По анализите на мострите кај волците и лисиците, болеста не е присутна. Сепак секретарот на друштвото Јане Стевананџија предупредува на претпазливост. Ловџиите се надеваат дека ќе ја запазат квотата од 60 заловени лисици до крајот на годинава. Волкот – капиталец бил уловен од умешниот ловџија Здравко Пејкоски, а Љубомир Тасески со снајперска трпеливост ја начекал волчицата на “пусија”.

Loading