Итар Пејо со гаќи

За прв пат Пејо ставил гаќи на себе кога решил да се жени. Купил платно, мајка му му сошила гаќи и тргнал право во другото село кај својата свршеница. На пат му се посакало “да се олесни”. Ги слекол белите гаќи и ги обесил на еден трн. Во тој момент видел зајак и потрчал по него, заборавајќи на обесеното на трнот. Кога стигнал кај мајката на свршеницата ја поткренал кошулата и се пофалил: “Погледни бабо, дома имам уште четири метра”. Секако мислел на платно. Бабата се изненадила кога погледнала, а кога слушнала и за четирите метра оставени дома се прекрстила и помолила богу за спас.

Loading