Дружба на ракометните легенди

Некогашните ракометни првотимци на Тутунскиот комбинат, имаа дружба во весело расположение за потсетување на старите добри времиња. Гостин беше соиграчот од пред три децении, велешанецот Никола Бисинов. За убавите спомени зборуваа со часови. Во поранешната втора југословенска лига, Тутунски важеше за силен тим, претендент за врвот. Малку недостасуваше да се најде во елитната конкуренција. Легендите не го одминаа муабетот за потребата од сениорски клуб. На дружбата беа Тошко Арапчески, Гоце Бозароски, Ангеле Гулески, Стеван Николоски, Петар Кузманоски, Влатко Коруноски, а се приклучија и помлади, како Орде Илиоски, Томче Петрески, Петар Велјаноски…

Loading