Од “Кембриџ” до Бучин

Стандардната група од дваесетина планинари на П.Д. Козјак биле во поход на Порече. Рутата низ живописниот крај ја почнала од селото Долно Манастирец, продолжила кон Тополица, па Томино село, Сушица и Инче. Одморот им стасал во одаите на манастирот Света Богородица. Ги суредиле впечатоците по 20 километарскиот марш. Констатирале дека, покрај природата, импресии ќе носат и од селската училница, дотерана по англиски тертип, небаре Кембриџ, кај селото Манастирец. Не мируваа ниту “картушовци”. На педесетината запаленици во природата и планините поднозе им падна околината на селото Свето Митрани. Оттаму, низ дабовата и буковата корија, патеката ги однела кон легендарниот Мечкин Камен. После крај селото Бирино, надолу, се спуштиле во низината, кај Бучин. Уживала и земале душа од прекрасното патешествие во блискиот, уреден манастир Свети Ѓорѓија.

Loading