“Маратонците…” на “Денови на комедијата” во Куманово

Театарот вечерва гостува на 14-тото издание на фестивалот “Денови на комедијата” во Куманово со претставата “Маратонците го трчаат почесниот круг” во режија на Кирил Петрески. Веселата претстава е работена по текст на Душан Ковачевиќ. Играат Петар Димоски, Димко Вандески, Трајче Иваноски, Најдо Тодески, Димитар Црцороски, Марија Спиркоска – Илијеска, Димитар Ѓорѓиевски, Зоран Иваноски и Цветанка Чавлеска. На фестивалот учествуваат девет театри од Македонија, Србија, Бугарија и Косово.

Loading