Низ Пелистер, до Преспа

Педесетина планинари на “Картуш” не пропуштаат викенд за дружење со планините. Нивни избор последниотпат беше дел од планината Баба, односно подпелистерието. Тргнаа од селото Маловиште во поход низ високи температури кои не ги чувстуваа низ буковата планинска шума. Во 18 – те километри го минаа преслапот на Баба и се нахранија со поглед на Преспанското Езеро. Зедоа здив на Сливничкиот манастир и се спуштија да се разладат до селото Сливница на Преспа. В недела пак, ќе го освојуваат врвот на Пелистер.

Loading