“Плачот” на скулптурите

Две скулптури, творби на вајарите од мермерските колонии, стојат зараснати во трње и трева во кругот на некогашната транспортна фирма Пелагонија траспорт. Делата се оставени на милост и немилост на времето. Дождот, снегот, сонцето со годините не го гризат каменот, но го јади негрижата. Нечиј труд и креација, вградена во каменот, “плачи” останат во троскотот, меѓу змиите и скакулците, наместо да се постави на очиглед на граѓаните, да го краси градот и да сведочи за богатиот човечки дух, подарен на градот. Жално е што никој не повел грижа, не ја обезбедил од времето и не ја ослободил вајарската имагинација од сувата трева, додека Прилеп неодамна беше прогласен за град на културата. Дел од скулптурите на меѓународната колонија во мермер се поставени низ центарот, а дел урбано наредени на Арт плоштадот пред Центарот за култура. Но, не мал дел “венеат” низ фабричките дворови на пропаднатите фирми, без да се направи обид да се вратат во “живот”.

Loading