ПАЈКИ ВО СЕНКА

На 40 степени, и на пајките им гори. Пекол им е под пердувите. Можеби не се потат, но  изгледа дека природната својственост да живеат во вода и да се разладуваат не им помага при тропски температури. Наместо во малото езерце во паркот кај судот, се скрстиле под сенка да се сокријат од горештините. Веројатно и температурата на водата во езерцето е висока, па спас од непоштедното сонце нашле под природната заштита на крошните на дрвјата.

Loading