“КРОСРОУС БЛУЗ БЕНД” ВО МОСТАР

Блузерите на “Кросроуд блуз бенд, кои го негуваат овој музички правец 13 години, ќе го претставува Прилеп на блуз фестивалот во Мостар од 24 до 28 јули. Членовите Александар Дворчанец – Сале, вокал и усна хармоника, Бранко Нешкоски (гитара), Кире Гаралоски (бас), Зоран Настески (тапани) и Давид Нешкоски (соло гитара) велат им е посебно задоволство што имаат можност за демонстрација на својата “свирка” во градот на Неретва во Босна и Херцеговина. Почетоците на групата датираат од средината на деведесеттите. Бендот бил слушан на концерти во земјата и во странство. Токмат нов албум на македонски и англиски јазик. Преговараа за учество на фестивали во Србија и Хрватска.

Loading