КАРТУШОВЦИ ПОД ПЕЛИСТЕРСКИ МОЛИКИ

Нема викенд, најмалку седумдесетина вљубеници на планините да не излезат од четирите ѕида од дома и да се дружат со природните убавини. Велат дека секоја средба со која и да е планина е ново доживување. Последната средба со Пелистер на планинарите на ЕПД Картуш била вистински сон, оти минале пеш по нагорнини и надолнини, низ дебелите моликови шуми и други дрвја околу 15 километри. Уживале од Ротини, кон Цапарските пресеки, после гаснеле жед на Палиснопската чешма. Прегазиле бујни потоци, се искачиле на панорамници да се воодушевуваат на глетката кон низината. На планинарскиот дом Копанки одмориле со поклон на споменикот на својот загинат колега од Битола, Муратот. И назад покрај хотелот Молика со полна душа и очи, слегле кон Ротино. Милината ги исполнила мозочните келии, градите складирале чист планински воздух, а телото прелеало од сестрана убост.

Loading