РАДОСТ И ПЛАЧ

Фотографии со градот во минатото секогаш будат спомени. Но најсилни чувства предизвикува железничката станица на стара фотка. Се враќа филмот на пријатани и жални доживувања. Се туркаат пајажините се ретушираат избледнетите парчиња живот. Радосните моменти се поврзани со доаѓање на пријатели, кога некогаш дома се враќале главно со воз. Тука се среќавале стари љубови, создавале нови врски, се наоѓале брачни сопатници. Пероните на железничката станица биле и место за разделби. Со воз се заминувало на отслужување на воениот рок, се плачело за одделувањето од саканите, со градот, со другарите. Солзи се ронеле за градот, при заминување во туѓина. Железничката станица не е баш променета последниве 50 години. Низ свирежот на локомотивата и специфичниот звук на вагоните на пругата, желеничката кај секого навира спомени на радост и тага.