МАРКОВИ КУЛИ ПЛЕНАТ

“Прилеп е убав град. Луѓето се гостољубиви. Се дружат, комуницираат со гости”. Вакви беа импресиите на пожарникарите Стив, Дејв и Џони од Манчестер, Англија, кои две недели беа гости на нивните колеги во Прилеп. Ги воодушевиле градот и околината. Марковите кули се фантастични. Пленат со спецификата. Впечатоци ќе носиме и од манастирите во Дрен и Смолани. Го засакавме Прилеп. Можеби пак ќе дојдеме – рекоа Англичаните.

Loading