ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ ОД КОЛОНИЈАТА ДЕ НИРО

Изложба на 25 слики создадени од 20 уметници на ланското издание на колонијата Де Ниро од Битола ќе биде отворена во галеријата на ЦК “Марко Цепенков” од 18.30 часот. Меѓу авторите се и нашиот сограѓанин Васил Костов, потоа Панде Петровски, Мирослав Масин, Трајче Јачевски и Владимир Ѓорѓиевски од Македонија, Драган Мијац од Црна Гора, Џеко Хоџич од БиХ Маријане Тарконен од Шведска и сликари од Словенија и Албанија. Соработката меѓу Центарот за култура и колонијата Де Ниро е долгогодишна и резултира со тоа што неколку години наназад пред отворањето на фестивалот “Војдан Чернодрински” се изложуваат дела од оваа меѓународна ликовна манифестација, која   постои шест години.

Loading