ПАУНИ ЗА МИЛИНА В ЦРКВА

Чивт пауни уживаат во зеленилото и духовниот мир на дворот на црквата Свети Никола во Варош. Комшиите ги населиле и го одржуваат реконструираниот храм. Блеска благодет. Двојката пауни ја дополнува сласта на православниот дом. Во спокојство, двете мили птици грациозно, небаре балерини, се рашетуваат низ тревникот. По патеката ги шират крилјата, на човек да му се причини дека дефилираат на модна писта. Без страв ги шират колоритните опашки. Милина за око. Возбуда за секој посетител, покрај небеската убавина на црквата со фрески.

Loading