ГОСПОД НЕ ВРНИ ОД НЕСЛОГА

Во некое село фатило суша. Вода ни за лек, ни за пиење, ни за миење. Селаните го прашувале попот кога ќе заврни.

– Чеда, може денес, може утре – рекол попот.

На селаните им се стемнило од лажното ветување и го фатиле за брада да му судат. Попот ги молел да го остават барем да се обиде да поразговара со Господ и да го замоли уште еднаш да заврни. Селаните поверувале и го ослободиле, а тој го јавнал коњот и заминал.

По извесно време се вратил. Им рекол на селаните дека Господ прашува кога да заврни.Требало да му пренеси. Селаните имале различни мислења. Затоа им ветил дека ќе ги пренесе и ќе се врати да каже што одговор добил.

Се вратил.

– Господ рече дека ќе врни кога сите ќе се сложите – рекол попот и се извадил од лагата.

И ден денес Господ не прашува кога врне, поради неслогата меѓу луѓето.

Пренесува Томе Велјаноски, марулчанец во Шведска

Loading