БИТОЛСКО МАКОВО ПОД НОЗЕ

Новиот поход на “картушовци” беше селото Маково во битолскиот дел на Мариово. Времето не им се погоди којзнае колку на планинарите. Силниот ветер не запре во експедицијата на освојување на месноста Преслапот над селото. А, како за белја, теренот сосема гол, без дрвја, кои, колку – толку би ги амортизирале ударите. Планинарите сепак стоечки ги поднесоа сите непогоди, зашто се мераклии да го гушнат ветерот да се втурнат во прегратките на природата и да се згреат во скутот на планината. За четири часа успеаја да ја изодат целата маршрута. По пат ја ѕирнаа месноста Чуките, каде бил убиен војводата Ѓорѓи Сугаре, а оттаму до селото Паралово се засолниле да се одморат во манастирот Свети Ѓорѓи. Го фатиле “патот под нозе” за дома, да “соберат душа”. Освен педесетината членови на ПД “Картуш”, убавините на Мариово ги поделиле со уште околу 200 планинари од Битола.

Loading