АВТОМОБИЛСКИ КРШ ВО ЦРН БОР

Во дворот на Црн Бор се поредил цел мини саем на автомобили. Ама стари, која од која поветва и поискршена. Такаречи, се произведени уште дури бил жив Тито. Повеќето го “одвозиле” своето. И веројатно од дворот ќе завршат во отпад. Ги запленила шумската полиција од дрвокрадците. Сите се со нерешен “граѓански статус”. Додека парниците на сопствениците им се процесуираат пред судот, тие се средства, аргументи, докази со кои се чинело кривичното дело. Затоа никој не смее да ги оттуѓи. Народот наш рекол: “Сиромав човек – жив ѓавол”. Сигурно дека дрвокрадците не кинисале по планините од бес да си ги кршат колцата. Главно тераат за домашно греење, но не се малку и таквите, кои печалат дебели пари од дрвокрадство, превезено со овој крш. Не секогаш само тенкото се кине.

Loading