ЗИМСКИ ПЛАНИНАРСКИ МАРШЕВИ

Познатиот Фебруарскиот поход, околу 60 – тина планинари од ЕПД “Картуш” го обележале со посета на Расим бегов мост на Црна река, селото Чаниште, и се спуштиле кај манастирот Св. Ѓорѓија над Дуње. Маршрутата била 18 киломери за пет шест часа. Воодушеви сме од реткиот видик на кањонот на Црна река. Треба добра физичка подготвеност – рече Ице Картушот. Зимата не ги поколеба и планинарите од “Јане Сандански” со Сојузот на борците од НОБ, ЛС и КПП да стават печат на 67 годишнината од февруарското патешествие. Стартувале од Меморијалниот музејот “11 Октомври”. Учествувал “еко – пешак” од седум години, а најстариот бил 73 години. Пешачеле од Присад – Дреновскиот крај, до куќата – музеј на Блаже Конески во Небрегово и комплексот “Свети Атанасиј”, каде поттикнала евоцирање спомени од Благоја Чоноски.

Loading