Теракота – 16 години на домашниот пазар
Успешното работење и позитивното конкурирање на македонскиот пазар веќе 16 години, прилепската фирма Теракота го одбележа со роденденска свеченост со бројни деловни партнери и гости. Во сопствениот ресторанот Амфора, со избрана жива свирка, сопствениците Горданчо Бошкоски и Коста Тошески наздравија за успехот и желбите за исполнување на бизнис визијата. Некогашните цимери, а сега верни партнери нижат успеси, функционирајќи небаре браќа. Почнале во 1995 г. со неколку вработени, за ТЕРАКОТА да прерасне во компанија со 35 работници од стручни профили. Преокупирани се со производство на блокови, ферт гредички, бетонски столбчиња, бекатон плочки, готов бетон, гранулати и сепариран песок. Производите се изработуваат со современа опрема. Располагаат со две бетонски бази за готов бетон со капацитет од 18 м³ на час и дигитална база со капацитет од 50 м³ на час, како и миксери за транспорт на готовиот бетон и две пумпи. Теракота располага со современ рудник за изработка на сите видови на гранулати и тампон. Купувачите ги снабдуваат со сите видови на градежни материјали. Изградиле многу објекти од најразличен карактер – високо и ниско градба до клуч на рака, опремувале подови со декоративни материјали, изведуват на комплетни ентериери, проектираат објекти и надградби, учествуваат во инженеринг проекти за познати инвеститори.