ЈАДРАН ЗА СОНУВАЧИ И АВАНТУРИСТИ

Хотел Јадран се уште не исчезнува од сеќавањата на луѓето. Го памтат постарите плочникот со џагор и бука од минувачите , од пијачите. И не само тоа. Јадран нудел сé. Од пиле млеко. Што велат. Имало работа за по некое сиромавче како келнерче или хигиеничарче, за некој турист и за француски авантурист кој по пижами би прелетал по коцката пред доцнежна Југопластика. Што ли барал во прилепската ,,бара,,? Знае само коската на градбата хотелска стара! А приказните за убавините на хотелот, ги знаат хотелиерите – хотелиерките, макроата, собарките, келнерите за журките, крштевките, пијанките… И плус – сеирџиството од ресторанот во хотелот. Јадран бил јадрото на градот. Јадран бил меката и медината на гурманите, на “мудурите и мајмуните…” Да не ја расипуваме со збор магијата на фотката! Сетете се, фантазирајте… планирајте…

Loading