НОВ ЛИК ЗА ОДДЕЛОТ ЗА СТРАНСКА ЛИТЕРАТУРА

Во Библиотека

Нова физиономија доби одделот за странска литература во Библиотеката. Реновирано е катчето со над 3000 наслови белетристика, енциклопедии, стручна литература на повеќе странски јазици. Одделот станува пријатно место за читателите на странска литература. Најбројни се книгите и публикациите на англиски јазик, потоа има доста француска и руска литература. Има наслови и на германски и италијански јазик. Во библиотеката е отворена изложба на странска стручна литература, преведена на македонски. Книгите се донација од Владата. Изложени се над стотина наслови. Меѓу нив се наоѓаат и ново набавените наслови од едицијата Нобеловци. 

Loading