ЧИСТИ ЧЕВЛИ ЗА СВИРАЧИТЕ

Се собрале “сватовите”… Да засвират, да запејат. Но, претходно ги л’скаат чевлите кај еден од чистачки на чевли на плочникот. Нему не му пречи ниту магла и студот кој влегува в коски во зима, кога е лебот во прашање. Ги зеле инструментите и се спремаат за свирка во кафана или на некоја прослава. Музикантите се млади, енергични и во зима способни рационално да заработуваат. Со свирка, песна , оро ќе ,, исчистат,, и тие мака или тага на некој.

Loading