СПОМЕНИ ЗА ЖИВИОТ ДУХ

Прилеп има бројни маала, но сите сплотени под неколку имиња. Ова е од централните. Во стегите на куќите, едниот задскриен, а другиот извишен стамено. Натокмен е храмот Св. Благовешение и другиот Св. Преображение. Тесни улички, со по некој пајтон на поглавните улици. Куќите интересни, главно со некои уникатни агли и со вертикални прозорци со дрвена дограма, а на некои и кепенци. Дрвените чардаци, раскошните дрвја во маалото, се вистински чистачи на воздухот и психо – физичкиот здив на населението.

Loading