ПОПАТНИТЕ ДУПКИ ДО МАНАСТИРОТ ЗРЗЕ

Манастирот Свето Преображение кај селото Зрзе, местоположбата, уникатноста на ископините на монашките ќелии, ранохристијанската базилика ги освоиле за миг педесетина планинари од ЕПД “Картуш”, кои му биле на посета. Уживале викендашки во прекрасната дарбина на манастирскиот комплекс покриен со стари турски ќерамиди на три води и кула, на 25 километри од Прилеп. Манастирот датира од 14 век, а во 17 била обновена црквата Свети Петар и Павле, позната како “Чобанска црква”. Новите истражувања го поместуваат христијанството околу Зрзе неколку векови наназад. Планинарите забележуваат на катастрофалниот пат од село Костинци до село Зрзе. Така не се развива туризам. Потребно е суредување на патиштата до одредени историски дестинации каде намерникот може да се рекреира и да се одмори, и да научи нешто за нашата култура – забележува планинарот Ице Димоски. Планинарите од “Јане Сандански” традиционално се прошетале до Селечка,. Бела чешма, Петров кладенец, Козји трла, Домаќинското и Моминото чешмиче, Момата и стасале до манастирот Свети Димитрија. Засадиле садници, а дел од групата пошумувала во околината на село Тројаци, кај месност Чашка. В недела, планинарите ќе расчистуваат во околината на манастирот Свети Спас и Крушевската корија.

Loading