ТРАТ ЗА “ДЕВОЈЧЕТО СО КИБРИТЧИЊА”

Габата на дрвото, што личи на шаторче од печурка, планинарите велат дека се нарекува – трат. Се користи за правење на кибрити. Вирее во шума на кората на дрвјата, каде има влага. Нашите планинари наишле низ мувливите предели на трат, го овековечиле и “поделиле” со јавноста. Каменото време, заменето е со модерно, кое носи посуптилен начин на потпалка – со кибрит и чкорчињата, во разни големини. Сега и тоа е заменето со модерните запалки. Некогаш луѓето со камен создавале искри и палеле оган. Може и денес има такви племиња по светот, раководени од ѕвездите во очите, па, и со нив може да запалат оган под ѕвездено небо.

Loading