ИЗЛОЖБА НА БУЈБУЉИ И БАСТАРДИ

Над 110 украсни птици, бујбуљи и бастарди беа изложени на годишната изложба на Друштвото за одгледување птици “Кардинал”, кое е член на Орнитолошката федерација на Македонија. Граѓаните видоа десетици видиви птици-пеачи, одгледувани од девет запаленици во боите на пердувите и песната на птиците. Боро Рикалоски, претседател на “Кардинал” вели дека изложените птици се интересни, поради бојата и нивниот став.

Loading