ПЛАНИНАРСКА ПЛЕТЕНКА

Педесет планинари од ЕПД ,,Картуш,, уживаа во благодетите на манастирот Свети Ѓорѓија, чешмата Студеница и Плетвар. Минатиот викенд, планинарите поделени во две групи од месноста Белото, го освоиле врвот Козјак, висок 1747 метри и село Крстец и Оревоц. Колегите од,,Козјак,, се прошетале до Тројаци и манастирот Свети Никола. Маршутата била – Плетвар, Беловодица, и теснолејката ,,Чиро,,. Ги посетиле старите гробишта на загинати Романски војници, на германскиот војник Кригер. Вриеж на македонската Поречка убавина и за планинарите од ,,Јане Сандански,,. Минаа 25 километри патека, од селата Зркле – Лупиште – Сушица – Томино село – Инче – Могилец до манастирот Христово воскресение. Недопрената природа, дабовата шума, бистрите потоци, реки, поречките костени, зачинети со гостопримството на ктиторот Миле од манастирот Христово воскресение го овековечил планинарскиот поход на ,,Санданските,, ентузијасти.

Loading