НИЗ СВИЛЕВСКИ ХОРИЗОНТИ

Педесеттина планинари од ЕПД “Картуш” ја освоија околината на Битола. Од превојот Ѓавато, црквата Богородица низ патека крај која се извишиле букови дрвја, стасале до село Гопеш. Во Гопеш ручале и уживале во прекрасниот поглед на езерото Стрежево. Потоа, чекор по чекор стасале до славното Смилево, каде ѕирнале во историјата низ спомените овековечени дел во Музејот направен во чест на Смилевскиот конгрес. Го посетиле и споменикот на Даме Груев. И планинарите од ПД “Јане Сандански” тргнале од легендарното Крушево кон Мечкин камен. Ги посетиле спомен обележјата на храбрите илинденски борци за слобода. Од Мечкин камен низ прекрасна шума стасале до селото Светомитрани.

Loading