МЕГА ЗЕЛНИК ЗА ЗЛАТА МЕГЛЕНСКА

Со зелник од две метри квадратни, замесен од неколку домаќинки од Марино маало, се одбележа празникот Света великомаченичка Злата Мегленска. Стотина жители со верски обреди се поклонија на маалското светилиште. Организаторот на славата Ристо Тошески изјави дека местото прерасна од маалско во градско обележје, мал храм, зашто жители и од други населби доаѓаа на поклонение. Со маалските другари и пријатели го градевме десет години да стане печат, божја куќа, на светицата, почината во големи маки, сечена на парчиња. Големиот празник го одбележуваме со огромен зелник, што го симболизира мачеништвото, непокорот и нескршливиот дух. Просторот се облагороди со паркалис и други верски елементи. Секоја година сé повеќе се претвора во светилиште, посветено на Злата Мегленска, каде жителите палат свеќи за здравје – вели Тошески.

Loading