“ПРИЛЕПСКИОТ ТАЈСОН” НА ПРВА ПРОФИ ПОБЕДА

Бокс: Утре во Универзална

Утре во (19 ч.) во Универзална, седумнаесетгодишниот Веселин Кочоски – Бомбата, првпат излегува на професионален ринг. Дебитира “прилепскиот Тајсон”, а ракавиците ги вкрстува со Босанецот Армин Шабановиќ. Неопходна е поддршка од 2. 000 гледачи. Најмлад професионалец е во Европа. Прераснува во голем боксер, а пубиката ќе се увери во квалитетите – вели Ѓорѓи Чатлески, тренер. Организатор е “Балканската боксерска промоција”, предводена од менаџерот Дарко Чатлески. Подготвен е досега невиден спектакл, богата кореографија со атрактивни девојки за најава на рундите. Интересни се мечевите на Менде Ѓорѓиоски, Катерина Атанасоска, Мики Стеваноски, Иле Христоски, Димитар Тасески, Стефан Јаковлески… Нудиме осум воведни и една главна борба – најавува Дарко Чатлески. Специјален гостин на вечерта е 15-от од ранг листата, професионалецот во ВБ верзијата, Ненад Боровчанин, клупскиот другар на на светскиот првак Кличко.