РИСТО СОЗДАДЕ МОЗАИК ЗА ТОШЕ

Мозаик со ликот на Тоше Проески е најновото дело на еден од неговите вечни обожаватели, прилепчанецот Ристо Тошески. Тој ја искажал огромната љубов кон македонската ѕвезда преку мозаикот создаван три години. Наставникот од основното училиште “Гоце Делчев”, успеал да го прикаже ликот на Проески заедно со неговата огромна верба кон Бога. Се обидува да го промовира својот труд и се надева дека проектот ќе го најде своето место како дел од споменот и љубовта на Тоше која ја имаше за сите нас.

Loading