БЕЗ ЗДИВ ВО МИЈАЧИЈА

Западна Македонија со ретките природни убавини е местото каде се рекреирале 20-тина планинари на ЕПД,,Картуш,, минатиов викенд. Го посетиле манастирот Свети Јован Бигорски, а од село Ростуше пешачеле до водопадот Дуф. Мијачките села се уникатни. Интересната градба на куќите и бројните цркви плени. Во селото Тресонче има две цркви. Без здив остава мостот Еленски скок и бујната раззеленета вегетација во околината. Селото Росоки и изворите на истоимената река се прекрасни. Заедно со водите од изворите на Селечка река , која се наоѓа во близина на селото Селце, се влеваат во Гарска река. Не пречекаа празни камени куќи со по два – тројца жители. Во лето идат викендаши – рече Ице Димоски- Картушот. До мијачките села патот е тесен асфалт. До нив се оди со автомобил или комбе.

Loading