Доделени наградите „ЗБОРОТ НА КОНЕСКИ“

Во Спомен домот на Блаже Конески во Небрегово се одржа промоција на книгата ,,Конески е бесмртен “ и се доделуваше наградата ,,Зборот на Конески”. КЕЦ ,,Небрегово” ги додели наградите на авторите на прозни и поетски творби во Зборникот меѓу кои се и прилепчаните м-р Лилјана Неделкоска, библиотекар во Завод и Музеј, Тони Павлески, член на Клубот на писатели и Мелани Ѓореска, ученичка од 9 – то одд. за зачувување и продолжување на делото на Конески.

Loading