ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (232) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски    

Исто така имаше уште една поважна крлешка во реката кај градината Најдоска кај слизгалата под патчето на јасиката од Јованоски Илија Крушка. Оваа крлешка беше заедничка на Средно маало со Јужно маало. За денот Ѓурѓовден не губеше важноста поради главното собиралиште за Ѓурѓовден беше долу кај крлешката. Народот наседнат, музиката трешти, оро и песни со крлање му дават голема веселба на местото.

Сеирџиите присутни од страна на машкиот пол седат на плазиката западно од јасиките за крлање, а додека жените седат источно од крлешката преку река на лединчето на тревата распослано со разни веленца и черги под Тодороското место. Младите си прават прошетка – корзо од Крлешката до Падарница, местото Колибата викано по тоа што секој полски чувар, полјак на полето тука правеше колиба чардак на четири диреци со скала како одморалиште и видик на полето марулско со исклучок на површината од Каракамен, Босатица, Штавички ливади и Бошкоец каде нивниот поглед е свртен во прилепското поле заедно со течението на водата од тие географски места, површини. Последна колиба на Падарница ја направи полјакот Здравески Атанас, марулец во 1962 година.

Имаше уште едно помало шеталиште наречено иста така корзо од кај Крлешката до чешмата Танеска Стојческа по потреба вода за пиење. Собирот кај Крлешката траеше од половината на денот до зајди сонце. Имаше и намалување на празниците од народот поради се одеше по гости по селата каде му беше селска слава во некои села.

На денот Ѓурѓовден сеирџиите Марулци од машка пол насобрани кај Крлешката на плазинаката и на Петрески Ванѓел Бабјак му ја честитаат женидбата на син му Томе со Старецоска Милица од с. Добрушево. И во смеа му велат на Ванѓел, вие Бабјаците крвно се удомуваат само со марулски потомства. Ванѓел Бабјак весел човек домќин со фамилија гајдаџија ораџија извонреден песнаџија природно комичар одговара во смеа, подарил Гопсод да бидеме врзани за Марул. Еве и невестата на син ти Томе марулска потома. Ама и Марул од нас има корист. Бројчано растат на нас Бабјаците во Марул сме приближно до триста членови. Петре Бабјак женет за Котеска Трајана од Марул во 1925 година , има четири деца. Димитрија, Весела, Зора, Крсте и три деца од Димитрија, Цане, Пецо, Донка.

Јас, Ванѓел Бабјак женет во 1930 година за Јованоска Мара имаме пет деца Лоринка, Митре, Томе, Раде, Петкана, Митре е женет за Маркоска Цветанова Блага од с. Мало Руфци, стари марулци има едно дете Димче. Аце Бабјак, брат ми се ожени истата вечер за Јанкоска Ристева Велика. Татко е Ристе после три дена е изваде Велика од кај нас и ја премажи за Секулоски Мите во с. Ношпал, затова што неговата ќерка Велика со мојата жена доваѓа како присестра поради Ристе татко е на Велика и Петра мајка е на Мара осакатена од војната од своите брачни парови има направено нов брак. Велика и Мара се присестри без крвно сродство.

Сестра ми Трајана се омажи за Крсте во с. Путурус, умре млада, го остави сираче детето Славе. Аце несреќен. Се ожени за Трајана од с. Путурус по втор пат им се роди детето Алтана. Се разболи мајка му, снаата Трајана и умре. Аце со лоша судбина остана вдовец. Си ја зеде челадта Алтана отиде домазет за Чона од Маково со која има две деца, Султана и Ќиро.

Сестра ми Анѓа се омажи за Павлески Јованче од Марул со кого има пет деца, Спасија, Горица, Менка, Богоја и Слободанка.

Сестра ми Блага мажена за Василоски Трајан во Марул, нивното потомство е Китан, Писана, Верка, Миладинка. Братот Кристо отиде домазет за Степаноска Стојна во с. Лопатица, прилепско, деца три, Иван, Коце, Марјан. Ванчо брато женет за Стеваноска Весела од Марул, деца четири Писана, Алтана, Љубе и Миле.

Алексо брато женет за Колеска Трајана од с. Лопатица, прилепско, деца две Богоја  и Слободан.

Ние, Бабјаците потомствоата по татко ни Велјан Бабјак и по мајка ни Јованка Мелезоска со нив сме педест и два потомци од кои 37 сме во Марул и 15 потомци се во околните села рече Ванѓел Бабјак во разговорот со присутните марулци на денот Ѓурѓовден кај Крлешката во 1958 година.

Еве еден пример рече Ванѓел Бабјак како ние Бабјаците сме солив народ. Никола Дукоски или Иваноски од с. Мојно беше при крај неговата лоза, родство да исчезни. Него тие за домазет на ќерка му го зедоја Петре Андончето – Дурашоски од Добрушево и со благослов од брачниот пар нивната фамилија се намножи на осум деца од кои шест машки и две девојчиња. Сите се свирачи, гајдаџии, ораџии, песначи, весели луѓе. Петре Андонче Дурашо е Бабјакоски деленица. Ванѓел Бабјак во смеа дофрли многумина нас Бабјаковци марулски не критикуваат да сме арамии, ги крадиме за женење марулските девојки. Не е така, љубовта ствара брак. Ние, навистина четворица се ожениме со марулски девојчиња, ама со нашите сестри Анѓа и Блага оженивме две марулски момчиња.

Ванчо Мурџески му дофрли на Ванѓел Бабјак, се добро во селово од домаќини, подомаќини. Но, имаме еден селски проблем кој не мачи како да го решиме. Маркоски Цветан од с. Марул и марулски потомок, сват твој, често пати навлегува со овците кога имаме сеание во Никојците во местото Босотица. Паленик и во ливадите во Босотица откако ќе се запатат забранат после Мученици. Ванѓел одговара во смеја нашол куќа без кучиња. Дајте ми мене, полјак на сињорот да бидам ќе го дотерам на сред селото во Марул и ќе видам како вие ќе реагирате рече Ванѓел Бабјак.

Да не се догоди истото со вас како што се догоди со брат ми Петре кога беше марулски чувар, полјак на марулското поле мислам беше во 1934 година во случај со вујко ми Ордан Мелезоски штавичанец на мајка ми Јованка роден брат. Петре фамилијарно се исели во Прилеп, ни комаче, лебче за детето немаше да заработи. И се двоумеше и рече додека трпам во Прилеп, во Марул за храна ќе заработувам се врати во Марул со работа се фати полски чувар да биди полјак.

Во тоа време нашијот вујко на мајка ни брат Ордан Мелезоски од с. Штавица зеде кози за пасење од некој прилепчанец за приплода јариња да бида поделени наполу бројчано. Козаро Ордан лека по лека почна козите за пасење да ги пушта во марулскиот атар, сињор каде беше строго забрането за таков пристап.

Вујкото Ордан како мислеше и самиот не знаеше мислејќи дека внук му Петре е полјак во Марул тој ќе можи неговите кози ќе ги паси во нашиот марулски сињор. Додека заборави со Петре си направи конфликт, ќе му го уништи измеќарлакот од каде ќе си го храни Петре семејството. А од друга страна тие двата уште во 1919 година се разединија.  

Продолжува    

Loading