ГО ИСКРШИЛ И СТАКЛОТО НА ПОЛИЦИСКО ВОЗИЛО

Прилепчанец пред малку ги искршил возачките стакла на две работни машини на фирмата Пела транс која работи на реконструкција на улицата “Јоска Јорданоски” во центарот на градот. Тој го оштетил и агрегатот на ЈП Водвод и каналазација, удирајки го со чекан. При полициското приведување со нозете го скршил и стаклото на полициското возило.
Настанот се случил неколку минути откако градоначалникот Борче Јовчески заминал од местото каде бил да види како тече реконструкцијата на улицата.
Според работниците, насилникот без никакви причини првин со камен го скршил стаклото на булдожерот. Додека се обидувале да го спречат, со лопата го скршил и стаклото на камионот. Во близината го оштетили мобилниот агрегат за производство на струја што го носеле и со кој работеле работниците на Водовод и канализација. Некој човек од соседството се обидел да го спречува, но и со него предизвикал тепачка.
И полицијата одвај го совладала да го отстрани и да го внесе во полицискиот автомобил. При тоа тој давал отпор и со нозете го скршил стаклото од полициското возило.
Очекуваме подетална информација од портпаролот на СВР Битола.

Loading