ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (118) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски   

Во есенскиот дел од годината собраните пченки и сончогледите се носеа во оградчето Танеско Крстеско заеднички од сето се кафтеја пченките или лупеа и се чукаа сончогледите со весели песни од младината. Сега оградчето е домашно куќно место на Ристески Тане Танески.

Колективни овчари од основањето на колективот до расформирањето на колективот поделени по бригадите.

Прва бригада Колески Веле, Павлески Јованче, Павлески Мирко, Петрески, Петрески Ванѓел Бабајак, Петрески Димитрија Бабјак, Ристески Блаже Танески, Бошески Трајче, Колески Благоја, Мурџески Ѓорѓија. Втора бригада Јованоски Ванѓел, Јованоски Душан, Јованоски Божидар, Јанкоски Дончо, Јанкоски Цане, Јанкоски Ладе, Јовчески Трајко, Стојкоски Алексо, Јолески Љубе. За Трета бригада Атанасоски Мице, Атанасоски Благоја, Василоски Петре, Дамјаноски Никола. Овие спомнати лица за овчари беа од почетокот до завршетокот на колективот во изменични години. А додека како приватен овчар не влезени во колективот беше Ристески Степан Мурџески. Селото Марул со 38 домаќинства во 1949 година 36 влегоја во колективот, а додека две домаќинства не влегоја. Атанасоски Недан Танески и четворицата браќа не делени Ристески – Мурџески Јованче, Степан, Мите и Цветан не влегоја во колективот.

Книговодителот Велјаноски Благоја ги чуваше сите работни надници во селото вработени во колективот му се призна за работен стаж. Во есента 1950та година дојде проектантот Тодор од с. Загорани ги ископа темелите за шталото на јужната страна од оградата Чонеска на чајрот од падарницата.

Во 1950 година се родија единаесет деца од кои осум девојчиња и три машки. За да не правиме забрка, недоразбирање и дупло запишување поради ја запишуваме секоја генерација е запишана при започнување на нивното школување во учебната година. Од оваа генерација умреа четири деца, едно машко и три девојчиња. Кај Јанкоските јатрви се родија две девојчиња, но роденото дете од Дончовица го крстија Алтана на покојната тетка Алтана, детето по кратко време почина. Јатрвата Ладејца се породи со женско дете го крстија Алтана за да и го повторат името на неодамна упокоената тетка Алтана, сестра на родителите на новородените деца, детето од Ладе и Ладејца го крстија Алтана, ова дете Алтана преживеа и порасна девојка.

1.Атанасоски Алексов Благоја Танески;

2.Јованоска Ванѓелова Славка Јоноска;

3.Јошески Блажев Дончо Илијоски Јанкоски;

4.Мојсоска Ванчова Менка Колеска;

5.Павлеска Јованчева Слободанка Јоноска;

6.Павлеска Игнева Даница Јоноска;

7.Петреска Ванчова Алтана Бабјакоска;

8.Ризоски Боризов Гоце Бошески Ценоски;

9.Ристеска Блажева Марија Танеска;

10.Ристеска Дончова Алтана Јанкоска;

11.Ристеска Ладева Алтана Јанкоска.

Имрени 1950 во Марул

1.Василоски Трајанов Боше Василоски;

2.Мојсоска Ванчова Менка Колеска;

3.Ристеска Дончова Алтана Јанксока;

4.Ристеска Ристева Алтана Јанкоска, омажена за Ѓекоски Пецо во с. Путурус е погребана во Марул.

Удомени во 1950 во Марул

1.Атанасоска Трајанова Ѕвезда за момче Белески Панде од с. Путурус, битолско;

2.Атанасоски Мицев Тане женет за Кузманоска Анѓа во с. Волкосело;

3.Јованоска Јованова Анѓа за Коруноски – Куклароски Боне, с. Бонче, Трајков Боне;

4.Јошеска Петрева Божна Николоска домазетица за Ѓорѓијоски Стојков Стојан с. Бешиште;

5.Петреска Ванѓелова Лоринка Бабјакоска за Велјановски Анчев Киро Пупески с. Добрушево;

6.Петрески Петрев Димитрија Бабјак за Бошеска Славева Драгица Писокалска с. Чумово;

7.Петреска Цветанова Сребра Мурџеска за Толески Сивев Цане с. Добрушево;

Во почетокот на учебната година во 1950 година учителот Миладинов Киро од с. Марул имаше организирано вечерен курс за описменување на возрасни луѓе особено за женскиот пол да го посетуваат курсот два пати неделно, навечер после завршување на наставата со редовните ученици. Овој курс важеше за лица без основно образование од четврто оддление на доброиволна база од заинтересираноста на лицата. Трошокот на курсот беше во трошок на министерствата на Народна Република Македонија.

Посетителите на курсот добиваа бесплатен прибор, материјал за работа, буквар, тетратки со редови и со коцки, гума и молив. Курсот траеше пет месеци од почетокот на месец октомври 1950 до крајот на месецот фавруари 1951 година.

Лица посетители на курсот

1.Атанасоска Благојојца Лефтерија,Танеска;

2.Атанасоска Јованица Ѕвезда, Танеска;

3.Атанасока Танејца Анѓа, Танеска;

4.Велјаноска Орданица Трајана, Танеска;

5.Дамјаноска Ристејца Митра, Дамјаноска:

6.Ѓорѓијоска Илина Димитрица, Јоноска:

7.Јованоска Алексојца Коца, Јованоска;

8.Јованоска Кристојца Ѕвезда, Јованоска;

9.Јовческа Ванѓелица Неда, Велјаноска;

10.Јошеска Блажејца Ѓурѓа, Илијоска Јанкоска;

11.Јошеска Петрева Божна, Николоска раненичка:

12.Јошеска Петрејца Митра, Николоска;

13.Митреска Јованчица Коприна, Мурџеска;

14.Новаческа Живкојца Мара, Димитријоска;

15.Павлеска Игнејца Грозда, Јоноска;

16.Петреска Ванчојца Мара, Мурџеска;

17.Петреска Ванчојца Веселка, Бабјакоска;

18.Петерска Димитрица Драгица, Бабјакоска;

19.Ризоска Боризица Ристана, Бошеска;

20. Ристеска Китаница Трајана, Танеска;

21. Стојаноска Ѓорѓица Анѓа, Котеска;

22. Стојаноска Тодејца Босила, Котеска.

Продолжува

Loading