УБЕДЛИВ СТАРТ НА МЕГА БАСКЕТ

Кошарка

Бидејќи во 1. коло беше слободна, од 2. коло на Третата лига Б-група стартуваше екипата на Мега баскет и постигна убедлив триумф. Дома со 88:70 совладан е Пробаскет од Радовиш. За разлика од машката, неискусната женска екипа Мега баскет дома со 18:111 загуби од штипска Тим арена. Резултатот не изненадува ако се знае дека прилепскиот клуб е новоформиран.

Следат дуели – машката на гости кај Тетова булс, женската дома со делчевски Патриот.

Loading