МАРИОВСКИ ПАЗАР ЗА НЕВЕСТА

 Во Мариово се женеле и мажеле ергени ош на 14 години, а моми на 25 години! Да се направи свадбата, порано се токмело, се пазарела невестата како магарица шо се пазари!

Било едно токмење ву Галишта. Таткото на момчето му вика на таткото на момата, Петко.

– Петко, синќа к’а си отидо дома, ‘а гледам мојата жена и мојето дете, седнале уфилене. ,,Добро вечер,, – му реко. Ни чуа, ни одговорија. После ‘а праша: ,,Мори, шо је ‘ваа работа?,,. Жената ми рече: ,,Море, на Петка момата вија ќа ја токмеле, па ‘воа нашето дете се мерактисало со неја, чуло и се плачејќи си дојде!,,. Јаз му реко на жената и на јергенот: ,,Море, де, де, таа работа лесна је, ќа ја искалпиме,,. И сега дојдо при тебе, Петко, ајде, ми го дај чупето за мојот јерген,,

-Море, бре, ќа ти го дадам чупето – вика Петко – фекат да ли ќа се погодиме? Јаз му сакам скапо – рекол и се задумал, како на пазар шо ќе прај, коуку пари ќе сака за ќерка си.

-Е, де, де, да те чуам, море, коуку скапо сакаш? – му вика тој шо си пазари чупето.

-Ами, неје скапо” – вика Петко. Туку ќа дајиш мене и на мојата жена по једно рало пинци, на мојте синови, тројица мина, на сите по једна сакма, а за свадбата ќа ми дајиш три тенеќији гра, 20 оки вино, 30 оки ракија, и тоа црното јунче шо го имаш, ќа го дајиш да го заколам за месо, и напокон, 5 ж’ти озгора ќе фрљиш.

-Е, брееј, каква је таја чупа тоуку скапа! Се ќа ти дам, ама јунчето не го давам.

-Е, нека се скрши и таја чупата – вика Петко – лели не го даваш јунчето, оште једен овен дај озгора и земи ја, нека се скапи.

-Ајде, аирлија нека биде! Ќа ти давам шо сакаш!

-Аирлија чупата!

-И тебе зетот, аирлија!

Двајицата Маријовци си направија токмење – пазарлак!

Loading