АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Новиот закон сеуште не е донесен бидејќи нема доволно дупки во него.

х

Мерка ни земаат оние кои се без никаква мерка.

х

За секој лек ни се нуди замена. Дали ќе ни се понуди и замена за животот?

х

Се’ што има му е украдено, освен дипломата што ја плати.

х

Толку се осоколи што и соколот бега од него.

х

Наместо за човекољубие многу се зборува за човекоубие.

х

Се’ повеќе филмови со статисти во главни улоги.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading