ПРИЛЕП – ВАРДАР Ј.

Ракомет

Машкиот ракометен суперлигаш Прилеп стигна до втората есенска победа на гости кај Борец во Велес (26-32), во меч на кој Шокоски даде 12, Бозароски 6 гола. Претстои шанса за трет триумф, оти наредниот меч викендов со Вардар јуниор е дома. Противникот има само два бода повеќе.

Табела: Еурофарм 28, Бутел 27, Пролет 22, Охрид 21, Пелистер 20, Струга 16, Радовиш и Вардар ј. 9, Прилеп 7, Борец 0.

Женскиот тим Деспина паузира до 9 декември.

Loading