ИЗЛОЖБА „СТО ГОДИНИ ОД МАКЕДОНСКИОТ ФРОНТ“

izlozba 100 godini front

Во Меморијалниот музеј 11 – ти Октомври отворена е изложбата „Сто години од македонскиот фронт“. Организатор е Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија. Целта е да не се заборават страдањата и да не се повторат.

-Во Македонија постојат паметници посветени на страдањата од Првата светска војна. Тие говорат за страдањата на војниците на македонскиот фронт кои доаѓале од Европа и светот. Но сведочат и за страдањата на цивилите и на обичните луѓе за принудното моблизирано локално население, за децата од оваа војна. Должност ни е низ комеморации да се сеќаваме на жртвите кои никој не се обидел да ги изброи. Бројот на жртвите ниту ја зголемува, нити ја намалува трагедијата на македонскиот фронт пред 100 години. Таа останува длабока и тажна – велат од АНИМ.

Loading