ТРИ СОВЕТИ ЗА РАБОТА СО БОЛЕН РБЕТ

domasni-zadaci-bolki-grb

Речиси 90 отсто од луѓето имаат проблеми со рбетот во некоја животна доба, а секојдневните домашни обврски најчесто се ,,чкорчето,, кое го пали проблемот.

Користење правосмукалка, џогер, гребло или лопата е клучот, бидејќи се движат колковите и рамената без превиткување на половината. Се оди еден чекор напред со едното стапало и се свиткува коленото, дозволувајќи рбетот да биде исправен. Така се избегнува истегнување на мускулите.

При миењето на садовите отворете ги вратичките под мијалникот и ставете го едното стапало внатре. Така уште повеќе ќе се приближите до мијалникот, без да ја превиткувате половината. Тежината ќе падне на стапалото под мијалникот, а рбетот ќе биде исправен.

При подигнување предмети се препорачува стратегијата ,,голферски дофат,,. Тоа е потег на голферите кога го земаат топчето од земја. Кога треба да се зема предмет од земјата  се испружуваа десната рака кон предметот и се балансира телото со тоа што ќе ја подигнувате левата нога наназад високо во воздухот. За дополнителна помош се помага со левата рака, потпирајќи ја на најблискиот предмет од страна. Ако се  крева предмет со левата рака, тогаш ја кревате десната нога. Колку подлабоко се пружа раката, толку повисоко се подигнува ногата. Така нема да се истегни некој мускул на рбетот.

Болката е сигнал кога треба да да направите пауза.

Loading